Секторот за внатрешни работи– Струмица, до Основното јавно обвинителство поднесе четири кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение дека И.Г.(27), С.Г.(23), С.С.(24) и Г.К.(19) од Струмица и Л.А.(25) од Скопје сториле кривични дела “прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и “повреда на авторско право и сродни права“ додека пак Т.Б.(18), Ј.Д.(21) и И.Ј.(27), сите од Струмица поради постоење основи на сомнение дека исто така сториле кривично дело “повреда на авторско право и сродни права“.
Имено во текот на 2014 година и почетокот на 2015 година пријавените преку изработени страни на социјалната мрежа “Фејсбук“ вршеле продажба на спортска опрема, патики и тренерки од брендовите “Адидас“, “Најк“, “Валентино“, “Армани Џинс“, “Илевен“, “Ла Коста“ и “Пума“ која спортска опрема била неоригинална.
Освен спортската опрема истите вршеле и продажба на неоригинални парфеми од брендовите “Пако Рабан“, “Каролина Херера“, “Армани“, “Долче и Габана” и “Булгари“на тој начин што заинтересираните лица за купување измамени дека опремата и парфемите се оригинални, преку пораки на страниците на “Фејсбук“, ги оставале нивните лични податоци и големинскиот број на патики или тренерки, како и податоци за парфемот кој сакаат да го купат. Потоа пријавените преку курири за достава на поштенски пратки ги доставувале бараните производи до домовите на купувачите на подрачјето на Р.Македонија.
Од страна на полициските службеници од СВР Струмица по претходно добиени наредби од Судија на претходна постапка бил извршен претрес во домот и помошни простории на пријавените лица при што биле пронајдени и со Потврда за привремено одземени предмети, одземени се поголема количина спортска опрема и парфеми, компјутери, мобилни телефони, пари, картонска амбалажа од обувки како и документација од испраќани пратки.