Хорор во Никшиќ: Убиен хирург, брат му му ја смачкал главата


Полицијата во Никшиќ го уапсила Жарко Павиќевиќ (73) поради сомневање дека си го убил братот, хирург во пензија, Рајко Павиќевиќ (75), соопшти црногорската полиција.policijahirurgg

Жарко е осомничен дека со тап предмет му нанел повеќе смртоносни повреди на главата и вратот на братот Рајко. Тој е донесен во медицинскиот центар во Никшиќ околу 22 часот и 30 минути со видни повреди на главата.

Телото на починатиот е предадено на Одделениото за судска патологија каде е направена обдукција. Резултатите покажале дека се работи за насилна смрт. По спроведените полициски активности за расветлување на овој случај уапсен е Жарко Павиќевиќ, роден брат на жртвата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1