Му го скршил черепот со шипка зошто му пререкол за паркирање кај „Мавровка“


На 03.10.2015 година во 15:00 часот во Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ бб, пред влезот на подземната паркинг гаража во ТЦ „Мавровка“, лицето Е.Р.(27) од с.Студеничани-Скопје, со  „Голф“ со скопски регистерски ознаки, го паркирал возилото на тротоарот.mavrovka

Тогаш, настанала меѓусебна расправија и тепачка помеѓу С.Ш.(36) од Скопје (вработен во фирмата „Франк“ која стопанисува со подземната гаража) и Е.Р., при што дошло до кршење на задното ветробранско стакло од возилото.

Потоа Е.Р. со метален предмет (шипка) го удрил С.Ш. во пределот на главата, кој паднал на асфалтната површина, а Е.Р. го напуштил лице местото оддалечувајќи се во непознат правец и оставајќи го возилото.

Со возило на Итна медицинска помош, С.Ш. е пренесен во ГОБ „Св Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на черепот со крварење од увото).

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1