Повеќе непознати лица вчера во Старата скопска чаршија, физички ги нападнале 23- годишниот Н.Д. и 25- годишниот С.С., двајцата од Србија.
Еден од напаѓачите со нож му нанел убодна рана на Н.Д. во пределот на градниот кош.
Истиот бил пренесен во Ургентниот Центар- Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди.
МВР работи на целосно расчистување на случајот.