Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави во вторник дека одлуката на косовскиот Уставен суд да го суспендира формирањето на Заедница на српски општини(ЗСО) е голем удар за дијалогот во Брисел, кој ја губи смислата и е голема закана по регионалната стабилност.
Дачиќ во пишаната изјава укажа дека суштината на Бриселскиот договор е формирање на ЗСО и дека овој потег на Приштина е незабележан случај на изигрување на договорите постигнати во Брисел под закрила на Европската унија(ЕУ).
„Приштина и се потсмева на меѓународната заедница и на ЕУ бидејќи воопшто не постои можност некој да го суспендира Бриселскиот договор“, додава Дачиќ.
Според него, сега се на потег ЕУ и САД, бидејќи доколку Србија суспендирала некаков договор, веднаш би се огласиле со најостри осуди.