Дачиќ: Одлуката на косовскиот Уставен суд е голема закана по регионалната стабилност


Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави во вторник дека одлуката на косовскиот Уставен суд да го суспендира формирањето на Заедница на српски општини(ЗСО) е голем удар за дијалогот во Брисел, кој ја губи смислата и е голема закана по регионалната стабилност.dacic

Дачиќ во пишаната изјава укажа дека суштината на Бриселскиот договор е формирање на ЗСО и дека овој потег на Приштина е незабележан случај на изигрување на договорите постигнати во Брисел под закрила на Европската унија(ЕУ).

„Приштина и се потсмева на меѓународната заедница и на ЕУ бидејќи воопшто не постои можност некој да го суспендира Бриселскиот договор“, додава Дачиќ.

Според него, сега се на потег ЕУ и САД, бидејќи доколку Србија суспендирала некаков договор, веднаш би се огласиле со најостри осуди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1