Се руши товарниот склад на Старата железничка станица – ќе се гради зграда


Една од последните неурбанизирани точки во централното градско подрачје на Скопје заминува во историјата. Некогашниот товарен склад на Старата железничка станица на булеварот Македонија ќе се руши и на негово место ќе се гради нова станбена зграда со приземје, шест ката и поткровје, пишува Build.mkdup stara zeleznicka mal

Идниот објект треба да се изгради на локацијата пред самиот влез на идната подземна траса на Јужниот булевар.

Атрактивната градежна парцела е со површина од 1.953 метри квадратни, додека идното здание ќе има бруто развиена површина од 12.496 метри квадратни. Маркичката за градење е вцртана во ДУП-от за Јужен дел на централното градско подрачје донесен од Општина Центар. Товарното складиште во моментов претставува девастиран објект, со уништено хортикултурно уредување и простор што не е соодветно осветлен во текот на вечерните часови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1