„ЕУ се распаѓа, имаме само уште неколку месеци“


Аселборн во понеделникот рече дека ЕУ веројатно се движи кон пропаст, додека земјите-членки се борат да се справат со приливот на бегалци што се обидуваат да стигнат до Европа.EU2

„Европската Унија може да се распадне“, рече тој во интервју за германската новинска агенција ДПА, пренесе Дојче веле. „Ова може да се случи неверојатно брзо ако стане правило луѓето да се спречуваат да влезат, и внатрешно и надворешно, наместо да се одржи солидарноста“. Неговите коментари се однесуваат на одлуката на некои земји-членки да спроведат построги контроли на своите граници, со тоа принудувајќи ги другите земји да преземат поголем дел од товарот на бегалската криза.

Политичарот изјави дека е можно некои земји-членки да почнат целосно да ги затвораат своите граници, со што ќе ѝ стават крај на шенгенската слободна зона, која е една од главните слободи што им се нудат на граѓаните на ЕУ.EU-630x344

„Критична состојба“

„Имаме можеби само неколку месеци (пред тоа се случи)“, предупреди Аселборн.

Тој изјави дека додека повеќето земји-членки ја сфатиле важноста на помагањето на бегалците, некои земји-членки „не ги усвоиле правилно вредностите на ЕУ, кои не се само материјални вредности“ – што е прикриен повик до земјите како Унгарија, која неодамна изгради ограда по должината на својата граница за да ги спречи имигрантите да влегуваат.

ЕУ е во „многу, многу критична ситуација“, рече Аселборн.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1