Денес сонце – од петок намалување на утринските температури


Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини со услови за слаба утринска магла.

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 22 степени. Продолжува периодот на стабилно и суво време. Малку поизразен ветер ќе има во текот на утрешниот ден особено вдолж Повардарието. Наутро понекаде во котлините ќе има малку намалена видливост. Утринските температури од петок полека ќе опаѓаат, а позначително ќе се спуштат од недела наутро.

Од сабота и дневните температури малку ќе опаднат, но и понатаму ќе се задржи топло време за овој дел од годината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1