Откриен идентитетот на ќеркате на Путин, и нејзиното огромно богатство (ВИДЕО)


Моќниот руски банкар сепак негира дека го открил идентитетот на помладата ќерка на рускиот претседател Владимир Путин.

Андреј Акимов, заменик директор на Газпромбанка, тврди дека е лажен извештајот на Ројтерс од вторникот, во кој што тој наводно кажал дека Екатерина Тихонова, заменик проректорот на московскиот универзитет, е ќерка на Путин.

Ројтерс идентитетот на Тихонова го потврдил и од уште два извора.putin4

Екатерина Тихонова води проект именуван како “Иннопрактика” со кој што им се помага на младите научници, а ги спонзорира “Газпромбанк”.

Ројтерс во извештајот ги навел зборовите на Акимов – “Знам дека тоа е ќерка на Путин. Но секако, одлучивме да ги поддржиме проектите на универзитетот во Москва без оглед на роднинската врска”.

Во соопштението објавено во Москва, “Газпромбанк” потенцира – “Акимов беше изненаден и збунет кога го прочита извештајот во Ројтерс во кој што му се препишува изјавата дека водичот на “Иннопрактика”, госпоѓата Тихонова, е наводно ќерка на претседателот на Руската Федерација. Тоа не е вистина, стои во соопштението.putin2

– Акимов не кажал нешто такво.

Ројтерс сепак стои зад своите вести, а портпаролот на британската новинска агенција изјавил:

– Нашата проценка за она што го кажал Акимов е точна и Ројтерс стои зад своите стории.

Ројтерс во својот извештај се занимава и со улогата на Екатерина Тихонова и подемот на втората генерација на руската елита која што е поврзана со рускиот претседател.kerkite-na-putin-06

Агенцијата објави дека Тихонова за себе изјавила дека му е сопруга на Кирил Шамалов, кој што има акции во енергетската компанија вредни околу две милијарди долари и му е син на стар пријател на Путин.

Младата двојка поседува и приморска вила во Бијариц, Франција, во вредност од околу 3,7 милиони долари.

За нејзиниот живот се знаеше многу малку сè додека рускиот блогер Олег Кашин во јануари објави дека помладата ќерка на претседателот е активна на Московскиот државен универзитет и дека го зела презимето Тикхонова, изведено од името на нејзината баба, Екатерина Тикхоновна Шкребнева.

Тикхонова под тоа име таа со години се натпреваруваше како акробатска рокенрол-танчерка. Во 2013 година таа и нејзиниот танц-партнер беа петти на светското првенство во Швајцарија.

Денес, таа е претседател на два организациони одбори на Серуската акробатска рокенрол-федерација, според нејзината веб-страница.

Другата ќерка на Путин: експерт по биомедицински науки

Постарата ќерка на Владимир Путин, Марија, беше надвор од центарот на вниманието, дури и уште повеќе од нејзината сестра. Ројтерс не бил во можност да најде ниедна понова потврдена фотографија на Марија.marija-putin

Родена на 28 април 1985, Марија студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург и медицина на Државниот универзитет во Москва.

Според руските и западните медиуми, таа се омажила за холандскиот бизнисмен Јорит Јост Фасен. Некои тврдеа дека живела во Холандија некое време, но тоа не може да се потврди.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1