Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за сите возила – еве што мора да имате


Од 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година, соопшти Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Од Советот потстетуваат дека за неносење на зимска опрема, според Законот за безбедност на патниот сообраќај, се издава платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно се регистрираат 25 негативни бодови.zimska_oprema

Од Реплубличкиот совет за безбедност во сообраќајот појаснуваат дека моторните  возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите по обем и широчина од 4 милиметри; пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 милиметри и синџири за снег со адекватна големина  за погонските  тркала или други соодветни помагала.

Моторни возила со погон на четири тркала треба во овој период треба да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 6 милиметри или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку 4 милимитери и синџири за снег.

Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1