Со македонски пасош, без виза се патува во 103 земји во светот


Велика Британија и САД имаат намоќни пасоши во светот. Ова го покажува Индексот на пасош кои дава поени за тоа со кој пасош сопственикот може да посети најмногу земји во светот без виза.pasoshi

Индексот опфаќа вкупно 199 пасоши, од нив 193 се од земјите-членки на Обединетите нации, а шест од нив се територии. Според Индексот, американски и британски државјани можат да посетат вкупно 147 земји во светот без виза. На дното од рангирањето се Сао Томе и Принципе, палестинските територии, Соломоновите Острови, Мјанмар и Јужен Судан.

Носителите на овие пасоши можат да посетат само 28 земји во светот без притоа да вадат виза.

Со македонски пасош може да се патува без виза во 103 земји во светот.

Повеќе инфо, земја по земја, каде не ни треба виза, ОВДЕ

emagazin.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1