Нова телеграма од Спасовски, со дообјаснување – хаосот во МВР продолжува


Технички назначениот министер Оливер Спасовски неполни 24 часа по донесување на првата одлука со која ги одзеде овластувањата од сите вработени во министерството, донесе нова одлука со која и практично си ја поништи претходната за која СДСМ објаснуваше дека била техничка.

Во денешната телеграма, Спасовски ги информира вработените дека веќе практично не важи претходната Телеграмата бр.13.1-60 од 12.11.2015 година со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата.nova-telegrama

Со новата Телеграма, технички назначениот министер Оливер Спасовски ретерира и вели дека претходната се однесувала на сите пренесени овластувања, ОСВЕН ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЈА, ДРУГИ УПРАВНИ АКТИ И ДОКУМЕНТИ ВО УПРАВНИ РАБОТИ РАБОТИ, ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ПРИЕМ И ЗАВЕДУВАЊЕ НА АКТИТЕ ВО ДЕЛОВНИК И УПИСНИК И ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПЕЧАТИ И ШТЕМБИЛИ, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластувања.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1