ВО ЖИВО: Нападите продолжуваат во Париз, се пука во шопинг центар


Според известувањето на француските агенции, се случил нов оружен напад во шопинг центарот “Лес Халес“ во Париз. Во меѓувреме киднаперите кои држат околу сто заложници во концертната сала во Париз, излегоа и пукаа кон полицијата. Не е познато колку жртви има во салата, но според проценките се работи за најмалку 15 убиени луѓе.pariz teroristi

Луѓе во паника трчаат по улиците, паника владее во градот, кој во моментот е под опсада.

Во вечерашните напади настрадаа најмалку 60 луѓе, додека околу 100 се држат во заложништво. Многу полиција има на улиците, а бројот на жртвите не е конечен, пишуваат светските медиуми.

Според пишувањата на Твитер од очевидци, напаѓачите извикувале “Алах Акбар“ а на француски “Ова е за Сирија“.
Според досегашните податоци, има најмалку 60 убиени жители на Париз, но бројот се стравува дека ќе биде многу поголем.

Жителите на Париз со користење на hashtag #PorteOuverte, што во превод значи “отворени врати”, на Твитер им нудат засолниште за сите туристи кои останаа заробени во делови од градот по прогласување на вонредната состојба.

23:35 Svedoci

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1