ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАРИЗ: 100 УБИЕНИ ВО КОНЦЕРТНАТА САЛА – 150 ЗАГИНАТИ / ВОЈСКА НА УЛИЦИТЕ


Најмалку сто лица загинаа а неколку десетици се повредени во концертната сала Баталкан во Париз во еден од неколкуте вооружени напади и експлозии што се случија вечерва во Париз. Полицијата изврши акција во салата при што уби двајца од напаѓачите кои држеа заложници .pariz 555

Преживеаните успеале да ја напуштат салата но меѓу нив има повредени. Се смета дека имало седум напади на различни места во Париз. ИСИС ја превзема одговорноста за нападот. СНН јави дека еден од напаѓачите кои биле успсени признал дека е член на ИСИС.

Франција ги затвори границите, во Париз е прогласен полициски час а на Ајфеловата кула се изгаснати светлата во знак на жалост.

Стравично аматерски видео за состојбата во концертната сала на следниот линк.

Десетици илјади француски полицајци вечерва го пребаруваат Париз во потрага по напаѓачите кои што според неофицијални информации убија над 150 луѓе. Според Еуроњуз париските полициски сили немаат точна претстава колкумина луѓе од биле дел од нападите и колкумина од нив преживеале. Засега нема информации ниту дали терористите имаат разработено шема за криење или сите се подготвени да загинат во престрелки со француската полиција и армија кои што го имаат покриено секој квадратен метар на градот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1