„Сега вие сте на ред“- закани за терористички напади во Албанија


Официјална Тирана е загрижена бидејќи може да биде следна цел на терористички напади од страна на Исламска држава, откако албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири добил на својата електронска пошта порака со заканувачка содржина, пренесува Топ ченел.

– Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“.zname-albanija

По ваквата порака припадниците на антитерористичките единици на албанската полиција започнале истрага.

Според Топ ченел, интересно е што оваа порака е испратена од адреса на „Црвените бригади“, која не може да се поврзе со комунистичката идеологија на овие групи, но испраќаат порака на верска основа, а според текстот може да се заклучи дека по Париз, Тирана е следниот град во кој може да се очекува напад.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1