Најнов биланс од нападите во Париз: 129 мртви и 352 ранети


Јавниот обвинител на Париз Франсоа Молан го соопшти најновиот црн биланс од терористичките напади, 129 мртви и 352 ранети лица од кои најмалку 99 се во критична состојба. Во нападите загинаа и седум терористи.

Според информациите на француските медиуми, двајца од седумте терористи се идентивикувани како Исмаел М. и Абдулкакбак Б. Ако првиот и бил познат на полицијата за прекршоци од кривична природа, вториот не регистриран во полициската евиденција.pariz777

Весникот Волстрит журнал тврди дека еден од терористите кој делувал околу Стадионот на Франција во Сен Дени, најпрво се обидел да влезе во стадионот. При безбедносната контрола на влезот, еден од чуварите го открил појасот со експлозив што го носел на него. Во тој момент тој ја активирал бомбата. Според полицијата, неговата цел била да ја активира внатре во стадионот.

Полицијата е убедена дека исламистите што ги предизвикаа крвавите напади во Париз се професионални, многу координирани, постапувајќи со методи на командоси и неверојатна смиреност. Јасно кажано, профил на млади борци вратени од воените зони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1