На социјалните мрежи се појавија нови пораки од терористите во кои се упатуваат закани и се дефинираат следните цели за напад, пишува „Дејли Експрес“, повикувајќи се на информации од „Твитер“.
Како можни следни цели на координирани напади врз големи градови се наведуваат Вашингтон и Рим.
Според британските експерти, помеѓу целите најверојатно е и Лондон. Претходно од „Исламска држава“ се рашири закана по социјалните медиуми дека повторно ќе бидат погодени цели во Франција.
Исламската држава преку социјалните мрежи најавила нови напади во други европски и американски градови. Преку хаштагот на арапски јазик #باريس_تشتعل што во превод значи „Париз гори“ нејзините членови најавиле напади во најмалку три други светски центри.
Главни цели на ИСИС според овој хаштаг се Рим, Лондон и Вашингтон а меѓу другите цели се споменуваат и Берлин, Њујорк и Брисел.