Денеска околу 9.05 часот 35-годишната мајка од скопската населба Хиподром почнала да се заканува дека ќе се фрли од тераса од 4-тиот кат и дека ќе го фрли и своето дете, информираат од МВР. Таа својот шетгодишен син го фрлила во 9.30 часот.
После половина час и самата скокнала од истата. Сведоците велат дека утрово околу 9 часот се слушале вресоци од висококатницата.
За среќа жиците за алишта и соседите го ублажиле неговиот пад, а тоа било итно префрлено во болница во критична состојба.
По некое време и мајката се фрлила, по што била одведена со итна помош и во моментов се наоѓа во кома. при падот од четвртиот кат се здобила со скршеници на повеќе ребра од двете страни. И таа се наоѓа на интензивна нега
Од МВР ја потврдија информацијата, а од Ургентниот центар велат дека двајцата се во лоша состојба.