Мајката на еден бомбаш самоубиец, кој се разнесе во петокот во Париз, тврди дека најзиниот син не планирал да убие никого, туку тоа го направил поради стерс.
Ибрахим Абдеслам изведе напад во близина на концертната сала Батаклан, каде се саморазнесе, пренесе британски Daily Mail.
Неговиот брат Мухамед Абдеслам беше уапсен во Моленбек во западен Брисел, ден по масакрот во главниот град на Франција.
Полицијата ја пропушти можноста да го уапси третиот брат Салах, кој, по нападот, беше на распит на границата со Белгија. За него сега е распишана меѓународна потерница.
Мајката на терористот тврди дека нејзиниот син немал намера да убие никого и признава дека поминал долго време во Сирија.