Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“, пренесува агенцијата Мета
Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „Адерал“ и “Занакс“( кај нас познат под името „Хелекс“) за кои тие му плаќале во готово. Со него заедно е упасен и Душан Босотов, под истото обвинение.
Кљусев бил изведен пред судија и задржан во притвор, а Босотов е ослободен со 200.000 долари кауција. Во истрагата биле користени заштитени сведоци и полицаец кој се претставил како пациент. Тие тврделе дека Кљусев им препишувал лекови без да ги прегледа за што му давале пари. Наводно тој и на Босотов му дозволил да пишува рецепти додека бил отсутен.
Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. Тој е исто така обвинет и за перење пари за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.