Претепан вработен во УЈП


Вработен во УЈП во Регионалната дирекција во Тетово е физички нападнат од даночен обврзник.

Имено, странката заради добиена опомена за неплатен долг за придонес за здравствено осигурување од вршење на земјоделска дејност, влегол во канцеларијата каде даночниот службеник ги вршел своите работни обврски, а откако упатил вулгарни и заканувачки пораки, обврзникот и физички го нападнал вработениот. По инцидентот, случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на местото на настанот.ujp

-За жал, ваквите инциденти на вербални и физички напади на вработени во УЈП, во изминатите години зачестуваат. Управата за јавни приходи како и секојпат изразува згрозеност од навреди, бруталност и било каква форма на насилство, со што се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности за наплата на даноците, велат од УЈП.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1