ПАРИСКИ ХЕРОЈ: Се фрлил пред терористите за да ги спаси другарките


Еден од луѓето што го изгубија животот во францускиот масакр е и францускиот херој Лудовик Бубас .

Бубас загина во тетористичкиот напад во Париз, обидувајќи се да ги спаси своите другарки. Тој се наоѓал во кафулето со пријателите, кога терористот влегол и почнал да пука.

12241609_558681114295138_7040441539889414092_n

Лудовик, кој пријателите го нарекувале Лудо, веднаш се фрлил пред напаѓачот, но не успеал да ги спаси своите пријателки Худа и Халима Саади.

Приказната за неговото херојство ја раскажале негови пријатели за Le Parisien.

“Лудо се фрли за да ја заштити девојката и го погодија куршуми. Сакаше да патува низ светот и ги сакаше луѓето. Беше еден од оние, многу, многу добри луѓе”, рекол еден негов пријател.

Во нападот на кафулето “”Belle Equope” загинале вкупно 19 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1