Потврдено: Бомба го урнала рускиот авион


Рускиот авион што падна над Синајскиот Полуостров бил намерно урнат. Се работи за терористички чин, траги од експлозив се најдени на остатоците, се вели во извештајот што Федералната безбедносна служба му го достави на претседателот Путин. Русија понуди 50 милиони долари за информација што ќе доведе до одговорните за нападот.avion-1_thumb_medium500_338

„Експлодирала направа од домашно производство, еквивалентна на 1 ипол килограм ТНТ. Тоа предизвикало авионот да се распадне во воздух и објаснува зошто деловите беа расфрлани на широка област. Можеме да кажеме дека се работи за терористички чин“, вели Александер Бортников, шеф на ФСБ.

Путин, потсетувајќи на експлозиите на железничката станица во Волгоград во декември 2013-та, рече дека ова не е прв пат Русија да се соочи со „варварски тероризам“, но падот на Ербасот А-321 е еден од најкрвавите. Најави интензивирање на нападите во Сирија и побара од безбедносните служби да се фокусираат на пронаоѓање на одговорните.

„Нашите воздушни напади во Сирија ќе се интензивираат, за да разберат криминалците дека одмаздата е неизбежна. Јас ќе ги надгледувам активностите на Министерството за одбрана и Генералштабот. Очекуваме помош од нашите партнери да ги најдеме и казниме криминалците. Ќе дејствуваме според членот 51 на ОН дека секоја држава има право на самоодбрана“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

Според египетски безбедносни функционери, притворени се 17 вработени на аеродромот во Шарм ел Шеик. Двајца од нив се под сомнение дека им помогнале на тие што ја поставиле експлозивната направа, но египетските власти демантираат. Во претходна истрага на аеродромот биле забележани големи пропусти – расипан скенер за багаж и подмитливи службеници. Во падот на Ербасот на руската компанија Когалимавија загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1