Странци, судија и адвокати осомничени за ,,перење” на над 4 милиони евра


Кривична пријава пртов 69 годишен Англичанец со привремен престој во Гевгелија, кој заедно со уште шест лица од 2004 – та до 2007 – ма година переле пари преку фирми од Маршалските острови.zatvor pari

На 10.11.2015 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против П.Т. (69) од Лондон, Англија, со привремен престој во Гевгелија и поранешен управител во „Југосвен“, Гевгелија , А.Р.(64) од Гевгелија, поранешен управител во „Корона Интернационал“ ДОО Скопје, во „Југосвен Гевгелија-Турист“ и во „Корнелија“ ДОО од Гевгелија , Л.К.(45) од Скопје, поранешен управител со ограничени овластувања на „Корона Интернационал“ ДОО од Скопје ,  З.Ш.(56) од Гевгелија,  адвокат на „Југосвен Гевгелија-Турист“, „Стелар Интернационал“ Маџуро, Република Маршалски Острови и полномошник во „КХЛП“ ДООЕЛ од Скопје, Ж.К.П.(48) од Гевгелија, адвокат на „Стелар Интернационал“, Маршалски Острови, Ј.М.(45) од Гевгелија, адвокат на „Ајтона Холдинг“, Панама и „Стелар Интернационал“, Маршалски Острови, С.К.(60) од Штип, Судија во Основен Суд Гевгелија, како и против Б.Ф.(44) од Екеро, Шведска, овластен потписник на сметката на „Стелар Интернационал“ од Маршалските Острови.

Пријавените делувале како огранизирана криминална група составена од македонски и странски државјани (Велика Британија и Шведска), во периодот од 2004 до 2007 година, кога со намера да се стекнат со имотна корист и капитал, извршиле повеќе кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело, предвидени и казниви според кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот П.Т. во содејство и со помош на другите пријавени , извршил неоснован пренос на капитал од едно во друго правно лице одбегнувајќи го плаќањето на даночните обврски со кои УЈП ги задолжило правните лица „Југосвен Гевгелија-Турист“, Гевгелија и „Корнелија“ ДОО, Гевгелија (со две работни едници: Аполонија Казино и Хотел Југо Гевгелија). Од овие две правни лица во периодот од 2004 до 2007 година, неосновано се префрлал капиталот, преку склучување на лажни (непостоечки) Договори во 2004, 2005 и 2006 година, како да се извршени менаџерски, консалтинг услуги и агентура, врз основа на кои се изготвувани  лажни фактури со кои се создале непостоечки обврски, односно непостоечки побарувања за фактички неизвршени услуги, во вкупен износ од 254.811.657,00 денари или 4.143.425 евра со што го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ на РМ.

По ова, поголемиот дел од овие парични средства во вкупен износ од 132.789.500,00 денари или 2.159.325 евра, ги присвоиле во корист на нивните поврзани правни субјекти „Стелар Интернационал“ и „Корона Интернационал“ ДОО и ги пуштиле во оптек во легалниот платен промет, при тоа користејќи и сметки во странски банки и истите ги присвоиле за свои потреби, со што пријавените П.Т., А.Р., Л.К. и Б.Ф. го сториле кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ член 273 став 5, во врска со став 1, 2 и 3 и став 6, а пријавените З.Ш., Ж.К.П. и Ј.М. го сториле кривичното дело „помагање“ по член 24 во врска со членот 273, предвидени и казниви според Кривичниот Законик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1