Обелоденето масонско писмо во кое тие ја најавуваат Третата светска војна


Не станува збор за никако пророштво ниту предвидување. Станува збор за глобален план на масонска елита, за мрежа која се плете над нашите глави без оглед на тоа што светот го сака, бидејќи се она што масонскиот врв го замислил тоа и се спроведува.

Луѓето наивно се надеваат дека може да ја спречат војната и дека со светото ќе завладее мир. Меѓутоа тоа е голема заблуда во која не вовлекуваат манипулативните поединци кои  со  изјавите „Мир и стабилност“ убиваат милиони луѓе во овој момент.masoni

Тоа го докажува и писмото на еден од најголемите масони во поновата историја  Алберт Пике, врвниот командант на Шкотскиот ред на слободните ѕидари во Америка, кое го испратил на Џузепе Мацини италијанскиот илуминатски „револуционер“ уште во дамнешната 1871 година.

Имено, Пике не бил никаков пророк  и немал некој надреални способности, туку во писмото го зборувал тоа што одамна го зацртале масоните за овој свет. Тоа е еита која владее зад кулисите, елита жедна по човечка крв, а човечка крв најлесно ја добива преку глобални војни. Пик е во писмото до Мацани појаснил како според нивните замисли ќе потече крв во трите светски војни. Се што е напишано во писмото се случило, а на прагот сме и на Третата светска војна.

Ви пренесуваме делови од писмото

-Првата светска војна мора да биде остварена за да им се овозможи на илуминатите да ги тргнат од положба моќните  руски цареви и со тоа Русија ја направат тврдина на атеистичкиот комунизам. Разликите и неслагањата помеѓу британското и германското царство, предизвикано преку агентите на илуминатите, ќе биде земено како причина за таа војна. На крајот на војната ќе се воспостави комунизмот преку кој е се уништат и другите влади и ќе се намали влијанието на религијата.

-Втората светска војна ќе биде поттикната  од искористување на разликите помеѓу фашистите и политичките ционисти. Таа војна треба за последица да го има уништувањето на нацизмот и јакнењето на ционизмот во таа мерка да се овозможи  воспоставување на суверената држава Израел во Палестина. За време на втората светска војна меѓународниот комунизам мора да стане толку силен што ќе стане противтежа на христијанството, кој ќе биде ставено  во позадина се до моментот кога ќе се употреби за конечната социјална катаклизма.

-Третата светска војна мора да биде поттикната со искористување на различностите, предизвикана од агентите на илуминатите, помеѓу политичките ционисти и лидерите на исламскиот свет. Војната треба да биде водена на таков начин што Исламот (муслиманскиот арапски свет) и политичкит Ционизам (државата Израел) меѓусебно се уништат.

Во меѓувреме останатите нации, уште еднаш ќе се поделат по тоа прашање, ќе бидат присилени да се борат до точката на целосната физичка, морална и економска исцрпеност. Ќе ги спротивставиме нихилистите и атеистите, ќе предизвикаме огромна социјална катаклизма која со своите  стравотии на народите јасно ќе им го покаже  учинокот на потполниот атеизмот, извор на дивјаштво и најкрвавото превирање.

Тогаш ширум светот граѓаните ќе бидат принудени да се бранат од револуционерните светски малцинства, ќе ги истребат уништувачите на цивилизацијата и милиони разочарани од христијанството  кои во тој момент ќе бидат без насока и цел, копнејќи по идеал, но не знаејќи на што да го насочат своето обожување, ќе го примат вистинското светло преку објавата на учението на  Луцифер кој конечно ќе биде изнесен пред јавноста. Таа објава ќе резултира со општо реакционо движење кое ќе следи по уништувањето и на христијанството и на атеизмот, двата во исто време победени и искоренети – стои во писмото.

„Војната се состои во тоа да луѓето, иако едни со други не се познаваат, меѓусебно  се убиваат на команда на луѓе кои одлично се познаваат, но меѓусебно не се убиваат“, кажал Алберт Ајнштајн кој во оваа реченица ја појасни целата завера која надвиснала над човештвото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1