Семејството на популарниот водител Ненад Ѓорѓиески вчера се проши со уште два члена.
Неговата сопруга Горана на свет донесе близнаци, а гордиот татко веднаш ја сподели убавата вест на социјалните мрежи.
– СЕ РОДИЈААА! Драги роднини и пријатели сакам со сите вас да ја споделам мојата бесконечна среќа! Вчера нашето семејство се прошири со уште два члена . Љупка и Иво тато и мама ве сакаат најмногу! И благодарам на жената на мојот живот Горана Годунка Ѓорѓиевска за оваа бескрајна радост, љубов моја те сакам!- стои во емотивниот статус кој го сподели водителот.
Честитки до мама и тато – нека ви се живи и здрави и среќни дечињата!!!