Најбараните џихадисти од ИСИС се кријат во Скопско – 7 на број


Седум лица од Косово кои се бореле на страната на Исламската држава (ИД) во Сирија, се вратиле на Балканот и сега се сместени во неколку села во близина на Скопје, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.

Весникот се повикува на разузнавачки служби, кои биле информирани за пристигнувањето на Лавдрим Мухаџери, Ридван Хакифит и пет други Албанци, членови на ИД. Голем број старански џихадисти почнаа да ја напуштаат Сирија откако Русија, почна со бомбардирање цели на ИД во Сирија.djihad balkan

Лавдрим Мухаџери ниту загинал ниту е во Сирија. Озлогласениот сечач на глави од Косово се крие во скопските села. Косовски Коха Диторе, според информации од разузнавачките служби тврди дека терористот број еден од Косово предводник на албанските радикалисти борци за ИД во Сирија се крие токму во реонот на Скопје. Не сам туку со уште шестмиуна негови соработници меѓу кои и Ридван Хакифит.

И српските медиуми тврдат дека Мухаџери не загинал на боиштата во Сирија туку со група од 120 борци се вратиле на Балканот. Причината за враќањето како што тврдат косовските медиуми се жестоките напади кои врз борците на ИД ги врши Русија.

А токму повратниците се и најсериозната закана за безбедноста во регионот тврдат безбедносните екперти.Подигнатиот степен на безбедност во Скопје е потврда дека разузнавачките служби имаат информации за можни обиди за нарушување на безбедноста во државата. Дополнителна подготвеност треба да се има поради периодот кој следува, прославите на отворен простор, големите верски настани и празниците кои доаѓаат.

Акциите на МВР потврдија дека присуството на борци на исламската држава на територијата на Македонија не се само претпоставки. Од полицијата засега молчат за информациите кои ги пренесуваат безбедносните служби во регионот поврзани со присуството на Мухаџери и неговите соборци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1