Јосип Броз Тито не бил со Југословенско потекло, покажала фонетска анализа на јазикот со кој зборувал „најголемиот син нашите народи и народности“.
Претседателот на поранешна Југославија Јосип Броз Тито немал југословенско потекло се наведува во документот за фонетската анализа на јазикот со кој зборувал. А кој неодамна е објавен на сајтот на Централната Информативна агенција (ЦИА).
Во документот, од кој неодамна биле симнати ознаките за тајност, се констатира дека Тито зборувал спрско – хрватски кој„наводно“ му бил мајчин јазик но со „странски акцент“. Во опсежната анализа на евентуалните јазици, кој на Тито всушност би му биле мајчини или поблиски од српско хрватскиот се наведени рускиот и полскиот јазик.
-Самогласката „и“ исто се изговара после меките и тврди согласки во српско хрватскиот јазик. Од друга страна тие чиј мајчин јазик е рускиот или полскиот веројатно овие зборови би ги изговарале со помеко „н“. Тоа е токму изговорот на Тито и тој најдобро се опишува како странски акцент – се наведува во анализата.
Авторите на документот велат дека логично би можело да претпостави дека контроверзниот Тито бил Русин или Полјак но нагласуваат дека неговиот идентитет може само да се претпостави како и дека сигурно тој нема „југословенско потекло“.
Тие констатираат дека токму не југословенското потекло на Тито може да ја појасни неговата непристрасност и доследност на „успехот“ во решавање на бројните проблеми и судирите на етничките групи во Југославија.