Европската Унија и се заканува на Грција дека ќе ја исклучи од Шенгенот ако не успее да воспостави контрола над границите, пренесува британски „Фајненшл тајмс“.
На средбата на шефовите на дипломатиите од Унијата в петок, на Атина ќе и биде јасно ставено на знаење дека ќе има драстични мерки.
Се очекува Грција да преземе мерки пред средбата на врвот закажана за средината на месецов.