Смрт најверојатно од срцев удар, а не убиство се случило во центарот на Скопје.
Од полициски извори Сител дознава дека мртвиот човек кој утрово беше прекриен со бел чаршаф во центарот на Скопје кај Рекорд, најверојатно починал од срцев удар.
На лице место излегол надлежен обвинител кој по увидот наредил телото на починатиот да му биде предадено на семејството.
Претходно медиумите објавија дека станува збор за убиство но полициски извори ја демантираа оваа информација.