CNN: Британија следна цел на ИД


Европските безбедносни служби собираат информации, кои укажуваат на тоа дали екстремистите од Исламска држава по Париз, планираат следните напади да ги извршат во Велика Британија, јави Си-Ен-Ен. BRITAIN-POLICE-UNREST

Според информациите на разузнавачките агенции, лидерите на ИД им наредиле на британските борци да се вратат во својата земја и да извршат терористички напади.

Британските борбени авиони ги извршија вчера изутрината првите напади врз позиции на ИД во Сирија, само неколку часа, откако Парламентот ја усвои одлуката за почеток на операцијата.

Пол Крукшенк, аналитичар , изјавил дека добил доверлива информација од „високи преставници на европската безбедносна агенција“ дека Велика Британија би можела да биде следна мета на џихадистите во следните неколку недели.
Џихадистите кои се родени во Велика Британија биле повикани да се вратат во Европа и да го повторат „париското сценарио“. Ова е посебно опасно, особено затоа што Велика Британија вчера започна со воздушни напади врз позициите на ИСИС.
Се претпоставува дека околу 800 луѓе од Британија заминале на џихад, а според податоците, 400 од нив повторно се на островот.
– Постои голема загриженост за Европа дека во следните неколку недели во Велика Британија би можело да се повтори сличен напад како оној во Париз – нагласил Крукшанк.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1