Три лица биле повредени кога непознати напаѓачи отвориле оган во близина на трговски центар во центарот на Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата нешто пред 18 часот по локално време добила телефонски повик со пријава за пукање. Во областа веднаш биле испратени амбулантни коли и полициски единици.
Тројцата ранети со амбулантно возило се транспортирани во софиската болница, а истрагата е во тек.