Новиот авион на рускиот претседател Владимир Путин ќе биде пуштен во употреба до крајот на декември.
Во Воронеж ги додаваат последните детали на претседателскиот авион, кој е наречен “Летачкиот Кремљ”.
Луксузната машина вклучува канцеларија на претседателот, конференциска сала, фитнес, спална, бања со тоалет и дури клиника. Сликите беа објавени од рускиот телевизиски канал RT.
Во авионот е ставен скап мебел од дрво и кожа, а и сите метални делови се позлатени.
Должината на крилата на авионот е 61 метри, должината му е 55 метри, висина – 17,5 метри, брзината – 900 километри на час, а тежината – 230 тони.