ЦИА ПРЕДУПРЕДУВА: Терористи спремаат напади на руски туристи во Турција


Бомбаши-самоубијци од Исламската држава и тројца Палестинци планираат напади на руски туристи во Турција, предупредува Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Палестинците се идентификувани како Мумтаз Мухамед Дамаш (38), Ајман Абдула Нофал (41) и Рафат Абас и тројцата се поврзани со соборувањето на рускиот патнички авион на Синајскиот Полуостров.CIA-logo-500x358

ЦИА соопшти дека извесен Џамал Наса, со кодно име „Абу Халид“, кој е поврзан со ИД,  веќе се наоѓа во Турција и подготвува самоубиствен напад.

Тој располага со фалсификувани документи за лична идентификација и се занимава со шверц на антиквитети и со илегален превоз на мигранти.

Турското Министерство за внатрешни работи презема мерки во врска со овие сознанија и властите се обидуваат да ги лоцираат тројцата Палестинци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1