Самопрокламираната Исламска држава на сила завзема голем дел од сириската и ирачката територија, а медиумите пишуваат дека постепено се шири и во Либија.
На подрачјето кое го завземаа воведоа строги закони и правила од кои многу се бизарни.
Тие правила мора да ги придржуваат сите, инаку им следува брутална казна. Гардијан извдои неколку бизарни правила кој ја извлече од неодамна прочурениот документ на Исламската држава.
- Забранета е продажба, но и покажување тесни и украсени фустани.
- Строго се забранува играње билјард и фудбалче на маса, како и одгледување гулаби, бидејќи тоа е „губење време“.
- Возачите во автомобилите мора да ги имаат сите потребни алатки.
- Сопствениците на продавници не смеат да ги блокираат тротоарите без специјална дозвола.
- На извесен Абу Дујана ал Либи му биле исплатени 100.000 долари зашто одиграл клучна улога во асфалтирањето на автопатот крај реката Еуфрат, до кој се засадени многу дрвја, па Исламска држава „не е отворено изложена на воздушните напади“.
- Даноците сочинуваат 23,7 отсто од приходите на ИСИС, а продажбата на нафтата и гасот во приходите учествува со удел од 27,7 отсто.
- ИСИС на шверцерите на „забранета стока“ како што се цигарите и електронската стока им ја запленува стоката, а потоа ја продава на црниот пазар и заработува. Тоа им носи дури 45 проценти од приходите.
- Најмногу се троши за плати на војниците, вкупно 63 отсто од владините приходи.
- Најуспешните ученици на верските студии се наградувани со по 100 долари месечно.
- Војниците на ИСИС што ќе убијат најмногу сириски војници за награда добиваат престој во луксузен хотел со пет ѕвездички во ирачкиот град Мосул.