Сомнителната направа која е пронајдена во тоалетот но авион на „Ер Франс“, на лет од Маурициус до Париз била бомба, потврдија официјални лица, пренесува „Индипендент“.
Боинг 777, со 463 патници и 14 членови на екипажот, го напуштил Маурициус во 21 часот и требало да слета на аеродромот Шарл де Гол во Париз, во 05.50 часот. Меѓутоа, принудно слетал на аеродромот во Момбас, во Кенија, откако екипажот го известил пилотот за сомнителната направа во тоалетот.
Побарана е дозвола за принудно слетување, при што авионот безбедно слетал и сите патници се евакуирани.
Во Париз на сила е високо ниво на внимателност по терористичките напади во овој град, во кој се убиени најмалку 130 лица.