Ме принудија на орален секс и сакаа жив да ме закопаат- грозоморно сведоштво на младо момче


Младо момче од Србија беше киднапирано и преживеало вистински хорор.

По 6 месеци од распишаната потерница, пред два дена се уапсени 20 годишните Ј.М и Н.К. од Крагуевац, кои на 17-годишниот Џ.М. му го претвориле животот во Пекол, пишува Блиц.

Момчето ја раскажува грозоморната приказна која засекогаш му го промени животот.momce kidnapirano nasilstvo

-Во дворот на училиштето играв баскет. Бев таму до 10 навечер. Бевме неколку момчиња и неколку девојчиња. Го донесов и кучето да го прошетам. Одеднаш тие момци дојдоа со автомобил и ме побараа по име. Не ги познавав. Реков дека тоа сум јас. Извадија палки и почнаа да ме тепаат. Потоа ме турнаа во гепек и ме возеа низ градот. Застануваа неколку пати за да ме мачат. Беше околу два часот по полноќ кога се паркираа во еден парк. Ме претепаа, ме пцуеа, раскажува момчето.

Звучи грозоморно, но неговата приказна не завршува тука.

-Ми ги соблекоа гаќите и ме принудуваа на орален секс. Тоа не сакав да го направам, па уште еднаш ме претепаа. Потоа мокреа врз мене. Ги слушав, се договараа да одат на гробишта и да ме закопаат жив. Тогаш се појавија две момчиња и ме однесоа близу до мојата куќа. Ми го скршија носот, имав потрес на мозок и пукнати коски на лицето. Од тогаш само три пати излегов од дома, раскажува потресено Џ.М.

Се претпоставува дека мотив за киднапирањето и изживувањето врз овој малолетник е расправија околу девојка. Мајката на малтретираното момче вели дека со месеци цело семејство живее во неиздржлив страв.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1