Според информациите повредени се осум лица кои со три возила на Брза Помош се транспортирани во Ургентен центар и ГОБ „Св. Наум Охридски“. Четири жени и еден маж се лицата кои завршиле во оваа здравствена установа. Една од жените според информациите од дежурните лекари е во тешка состојба и има 70 отсто зафатеност по телото со изгореници.
Шесте најтешко повредени пациенти се префрлени во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Петмина од нив се на интензивна нега, откако врз нив е извршена хируршка интервенција и реанимација. Сите имаат изгореници во пределот на лицето вратот и шаките.
Во најтешка состојба се двајца пациенти.Двајца полесно повредени членови на систото семество се на клиниката за пластична хирургија Имаат изгореници во пределот на лицето и шаките, но се вон животна опасност.Изорениците им се од прв и втор степен и зафаќаат помалку од 10% од телесната површина.