Вучиќ реши да бара мандат до 2020 година, Србија оди на избори


Премиерот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека одлучил да се оди на предвремени парламентарни избори . Oдлуката ја соопшти на седница на Главниот одбор на Српската напредна партија.

Според него Србија е на добар пат, но и покрај тоа, Владата постојано е на удар на критики и навреди, лажни скандали и лаги. Затоа, Вучиќ рече, Владата треба да има целосен мандат за промени и затоа треба да се одржат предвремени парламентарни избори.vucic

“Јас ја направив оваа одлука, со цел да се разликуваме од оние кои сакаат да ја задржат власта по секоја цена, и дека не направија ништо за својот народ и земја” – рече Вучиќ.

Одлуката за одржување на предвремени избори на седницата на 505-члениот Главен одбор на СНС е донесена со акламација и со долготраен аплауз.

Вучиќ во обраќањето нагласи дека откако СНС ја презеде власта, Србија постојано се наоѓа во „состојба на латентен општенствен судир“ и дека неговата Влада постојано наидува на огромен отпор во нејзините напори за разбивање на блокот „составен од тајкуни, политичари и криминалци на кои не им е во интерес Србија да нпредува и што било да се менува“.

– Започнавме судир и со нив и со оние во нашите редови на кои власта им е само начин за лично богатење, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека во изминативе години додека е на впаст, СНС спровела мерки „од кои сите бегале“.

– Тоа од самиот старт ни донесе непријатели, но горд сум што работевме посветено и на Србија и изградивме углед каков што немала во поновата историја, порача Вучиќ.

Српскиот премиер потенцира дека неговата Влада од Србија направила „столб и симбол на стабилноста“ и затоа сега решила да оди на избори за да дознае дали граѓаните го сакаат и го поддржуваат она што таа го прави за земјата.

– Изборите пред нас ќе бидат многу тешки. Мораме да победиме… Граѓаните ќе знаат да изберат, затоа што никој не може да ја запре Србија на патот кон подобра иднина, им порача Вучиќ на своите сопартијци.

Според српските медиуми, предвремени парламентарни избори најверојатно ќе се одржаат заедно со локалните, кои се предвидени за почетокот на мај

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1