Видео: ИСИС извршила ужасен масакр на 300 луѓе во Деир ал-Зор, киднапирала 400 цивили


Милитантите на ИСИС во Деир ал-Зор убиле 300 луѓе, а киднапирале најмалку 400 цивили, меѓу кои и жени и деца, по офанзивата на градот со која зазеле дел од територијата, пренесе Ројтерс.Isis teroristi

Сириската опсерваторија за човекови права денеска соопшти дека меѓу киднапираните има членови на семејствата на провладините сили. Жртвите биле киднапирани од населбата Ал-Багалија, како и од околните делови на северозападниот дел на градот.

„Сите киднапирани се сунити, а меѓу нив има и жени, деца и членови на семејствата на провладините борци“, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, додавајќи дека тие се префрлени во други области под контрола на ИСИС.

Во соопштението на сириската влада се вели дека милитантите на ИСИС претходниот ден во Деир ал-Зор во источна Сирија убиле околу 300 луѓе, нарекувајќи го настанот „ужасен масакр“.

Повеќето од загинатите во вчерашните целодневни егзекуции биле стари лица, жени и деца, во еден од најголемите масакри извршени од ИСИС, чии членови контролираат големи области на Сирија и Ирак.

Околу 80 од нив биле војници на сириската војска и на паравоените сили лојални на владата, додека другите биле цивили, соопшти Опсерваторијата, додавајќи дека голем дел од нив биле убиени со огнено оружје или обезглавени.

Активистите велат дека џихадистите во Деир ал-Зор убивале цели семејства, поради нивната наводна соработка со сириската војска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1