Принцот Чарлс во март во поста на Косово


Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс во март ќе престојува во Косово, во рамките на неговата мини балканска туреја, јавија косовските медиуми.

Како што пренесе дописникот на МИА, посетата на принцот Чарлс и неговата сопруга Камила на Косово, ја потврдил и косовскиот амбасадор во Лондон, Лирим Греичевци.prince-charlesf

Ова ќе биде втора посета на принцот Чарлс,на Косово, по онаа во 1999 година.

Инаку, во рамките на балканката турнеја, која ќе трае десетина дена Чарлс и Камила ќе ги посетат и Хрватска, Србија и Црна Гора.

Датумот на почеток на турнејата и која од овие четири земји ќе биде прва нивна дестинација не се соопштени.

Принцот Чарлс последен пат во регионов престојуваше во 2007 година, кога со Камила беа во посета на Босна и Херцеговина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1