Грција треба да биде времено исклучена од Шенген зоната


Грција треба да биде исклучена од шенген зоната доколку не ги исполнува обврските за обезбедување на надворешните граници на ЕУ од приливот на мигранти, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.greece-exit-euro

– Ако Владата во Атина веќе не започне да презема мерки за безбедност на надворешните граници, тогаш треба отворено да се зборува за времено исклучување на Грција од Шенген зоната. Тоа дека турско-грчката граница е невозможно да се контролира, претставува мит, истакна Лајтнер.

Истовремено, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повика на одржување вонредна средба на врвот со Турција во врска со мигрантите, најдоцна до почетокот на следниот месец.

Според податоци на Фронтекс, вкупниот број на нелегални мигранти, кои минатата година пристигнале во Европа, надминува 1,2 милиони лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1