ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список


Државната изборна комисија на денешната седница ги усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренска проверка заради ажурирање на истиот, соопшти вечерва ДИКdik sednica

Комисијата го усвои и правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, не ограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка.

Методологијата за прочистување на избирачкиот список ДИК ја усвои по добиената писмена согласност од четирите најголеми партии во Собранието на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1