Подгответе се: Во четврток нагло опаѓање на температурите


Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд кои на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег, информираат од УХМР.temperatura vreme

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог.

Во петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат

Во четврток и во петок, според прогнозата на УХМР, ќе дува умерен, силен ветер од северозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Дневната температура ќе биде за повеќе од 10 степени пониска во однос на денешната. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1