Цените на проститутките во Бугарија, Украина и на Австрија се најпребарувани на Гугл.
Луѓето најмногу ги интересира цената на кафето во Хрватска, а, пак, за Македонија странците најмногу се заинтересирани колку чини лебот.
Истражувањето е спроведено на англиски јазик што е показател како странците ја гледаат Македонија и што најмногу ги интересира.
Прво прашање на кое сакаат да добијат одговор од Гугл е колку чини лебот во нашата држава. Очигледно сме познати по вкусниот леб во светот.
Кога е во прашање Мавританија во Африка, луѓето најмногу ги интересира колку чинат робовите во таа држава.