Бразилски биогенетичари по грешка ја предизвикале епидемијата на Зика?


Сегашната епидемија на вирусот Зика веројатно е предизвикана по грешка, со ослободување на генетски модифицирани комарци, кои ги создале биогенетичарите во Бразил, пишува лондонски „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори во Светската здравствена организација.zika-virus-opasnost-bebinja-01

Генетски модифицираните комарци требало да помогнат во спречувањето на ширењето на тропската грозница, која е присутна во делови од Бразил, но експертите сега стравуваат дека целата програма излегла од контрола, а она што се добило предизвикува смртоносен ефект кај новороденчињата.

Програмата за модифицирани комарци била создадена во текот на 2012 година.

Инсектите биле создадени од биотехнолошки експерти за борба против тропската грозница, но кога СЗО започна битка за спречување на ширењето на вирусот Зика се појавиле сомнежите за тоа што навистина го предизвика сегашното избувнување на епидемија во Бразил, а потоа и во дури 23 земји од Латинска Америка и Карибите.

Вирусот е откриен уште во 50-тите години на 20-от век, но сегашната епидемија почна во Бразил во мај минатата година. Се претпоставува дека досега се заболени повеќе од 1,5 милиони лица.

Експертите тврдат дека дури 80 отсто од инфицираните не знаат дека се заболени, затоа што симптомите се налик на слаб грип, но се покажа дека се мошне опасни за новороденчињата, особено ако нивните мајки биле инфицирани од виирусот додека биле бремени.

Бебињата се раѓаат со невообичаено мали глави и со помал мозок, па лекарите велат дека тие нема долго да живеат.

Засега нема вакцина против овој вирус, а ниту постојат лекови за заразата.

Експертите откриваат дека биогенетичарите сакале да создадат само машки комарци и на тој начин да се спречи тропската грозница во бразилските рурални средини, но изгледа дека нешто било погрешно направениот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1