Американскиот астронаут Едгар Мичел, шестиот човек кој беше на Месечината, почина на 85 годишна возраст, соопштило неговото семејство.
Како дел од Мисијата „Аполо 14“ во 1971 година Мичел помина повеќе од девет часа на површината на Месечината, пренесува „Би-би-си“.
Тој тврдел дека доживеал „просветлување“ во вселената и подоцна се посвети на проучување на умот и необјаснивите феномени.
Едгар Мичел, исто така, тврдел дека вонземјани ја посетиле Земјата.