Ректор на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе биде Азис Положани, поранешен пратеник од редовите на ДУИ, поранешен министер за образование и наука, како и поранешен амбасадор на Македонија во Женева, дознава Алсат-М.
Ова е спротивно на она што претходно го изјавија високи претставници на ДУИ и поранешниот премиер Никола Груевски, дека ректорот на новиот универзитет ќе биде од странство.
Инаку, Положани во 2012 година беше споменуван како можен кандидат за ректор на Тетовскиот универзитет, но тоа не се случи бидејќи не беше редовен професор и не ги исполнуваше критериумите.