Шверцерка на дрога забременила во затвор за да избегне смртна казна


Четири затворски чувари во Виетнам се суспендирани поради нивната невнимателност откако една од затвореничките осудени на смртна казна забременила во затворот, пренесува „Би-би-си“.

Шверцерката на дрога за да ја избегне смртната казна, забременила со помош на еден затвореник.zatvorske-kazne-za-djela-spolnog-odnosa-sa-nemocnom-osobom

Официјалните лица велат дека 42-годишната Нгуен Тин Хуе купила сперма од 27-годишен затвореник за 2.300 долари. „Би-би-си“ пренесува дека затвореникот двапати во 2015 година и предал сперма во шприцеви, а се очекува дека затвореничката ќе се породи во април оваа година.

Оваа жена била уапсена поради трговија со наркотици во 2012 година, а две години подоцна е осудена на смрт. Се очекува дека нејзината пресуда ќе се промени во доживотен затвор поради детето.

Според виетнамскиот закон трудница или мајка чие дете е помладо од три години не може да биде осудена на смрт и казната треба да биде преиначена во доживотен затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1